Општинскиот Центар за Карпеста Уметност со Постојана Изложбена Поставка на Карпести Гравири од Кратово и Кратовско е формирано заради остварување на поширок заеднички интерес преку остварување на следните цели:
- Заштита на карпестите гравири и артефакти на регионално и национално ниво;
- Одржување на постојана изложба на артефакти и карпести гравири;
- Организирање на научни екскурзии и експедиции;
- Едукација на младата популација;
- Изработка на сувенири;
- Издавање на научни материјали;
- Одржување на научни стручни предавања;
Активности:
- Прибирање, селектирање и архивирање на наодите од терен;
- Соработка со 30 информатори - волонтери;
- Презентации и предавања од областа на карпестата уметност;
- Собирање на усни кажувања од локалното население;
- Фотографирање на важните локалитети од исклучително културно - историско значење;
- Снимање на документарни филмови;
- Заштита на локалитетите;
- Еднодневни и повеќедневни екскурзии до локалитетите;
- Научни експедиции;
- Развој на алтернативниот туризам;
- Соработка со туристички агенции, други НВО-и, работни организации и училишта;
- Соработка со разни институти од земјава и странство.
Во склоп на канцеларијата на општинскиот центар се наоѓа постојана изложбена поставка на гравири, преку 500 фотографии, десетина документарни филмови, мала библиотека, голем број на праисториски предмети изработени од камен, коска, керамика и дрво.
Претседател на здружението е Стевче Донев, вработен во EVN - Кратово. Со оваа дејност се занимава од 1982 год. Активно соработува од 1992 год. со претседателот на Светската Академија за Карпеста Уметност. Посетувал повеќе семинари и симпозиуми. Последниот бил “Знаци на цивилизацијата” во Нови Сад во 2004 год исто така и на Интернационалната конференција за Археомитологија во 2006. Во работата се консултира и соработува со: Џоана Марлер; Академик Харлд Харман - институт за археомитологија од Финска; Берхард Егли - институт за биологија од Швајцарија; Д-р Марко Мерлини - институт за праисторија од Италија; Роберт Михајловски - академија на историја на уметноста на Австралија; Ристо Гаревски - палентолог; проф. Д-р Ивор Караваниќ; проф. Д-р Ilka Thiessen; проф. Д-р Весна Бикиќ; проф. Д-р Тодор Тодоров и др.










